Литванија и САД потпишаа план за одбранбена соработка до 2028 година

Документот го потпишаа директорот на воениот оддел за одбранбена политика, Ваидотас Урбелис и советничката на секретарот за одбрана на САД за меѓународна безбедност, Селест Валандер.

Литванија и САД во Вашингтон потпишаа нов план за билатерална соработка во областа на одбраната за периодот 2024-2028 година, соопшти Министерството за одбрана. Документот го потпишаа директорот на воениот оддел за одбранбена политика, Ваидотас Урбелис и советничката на секретарот за одбрана на САД за меѓународна безбедност, Селест Валандер.

Урбелис нагласи дека Литванија и САД се сојузници кои делат иста проценка за заканите по меѓународната безбедност и тесно соработуваат за зајакнување на одвраќањето во балтичкиот регион. Според него, одбранбената соработка меѓу земјите е „квалитативно проширена“ во последните години.

„Имаме континуирана ротација на американскиот баталјон во Пабрада, интензивно ја подобруваме инфраструктурата за да обезбедиме воено присуство на сојузниците, вклучително и САД. Зголемена е набавката на воена опрема од САД – реализираме повеќе од 60 проекти за набавка на потребната опрема: артилериски системи HIMARS, оклопни теренски возила JLTV, противтенковски ракетни системи Javelin“, пренесува телевизијата ЛРТ, пишува белградска Политика.

Урбелис додаде дека во рамките на билатералната соработка се реализираат и други амбициозни проекти во областа на сајбер способностите и други области. Според него, потпишаниот документ покажува дека „Американците остануваат посветени на активна работа во балтичкиот регион и со тоа зајакнување на одвраќањето“.

Првиот план за одбранбена соработка меѓу Пентагон и литванското Министерство за одбрана беше потпишан во 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот