фото: kfsm.mk

Литванија е првиот противник на јуниорите на ЕП Дивизија А во Белград

Машката јуниорска кошаркарска репрезентација на Македонија е единствената од нашите национални тимови кои ова лето се дел од елитната конкуренција, онаа од Европското првенство од Дивизијата „А“ во Белград, кое ќе се одвива во периодот од 26 јули до 3 август.

Нималку лесна задача ќе имаат нашите јуниори на овој шампионат, во кој се дел од групата „Ц“, заедно со репрезентации-великани, како Литванија, Грција, како и домаќинот на овој собир, селекцијата на Србија.

Извесно е дека примарна цел на нашата селекција „Под 18“ години ќе биде да се дојде до опстанокот во ова ТОП 16 друштво. Првиот меч избраниците на селекторот Горан Андреевски ќе го имаат денеска од 16.00 часот против Литванија во белградската Арена.

Во зависност од пласманот, по три одиграни кола во секоја од четирите групи, ќе бидат формирани и двојките од осминафиналето. Во вториот дел кој почнува на 30 јули, ќе се играат елиминациски натпревари според системот (А1-Б4, A2-Б3, А3-Б2, А4-Б1, Ц1-Д4, Ц2-Д3, Ц3-Д2, Ц4- Д3). осумте победници ќе се пласираат во четвртфиналето, четирите наредни обезбедуваат пласман во полуфиналето.

НАТПРЕВАРУВАЧКИ ГРУПИ

ГРУПА А: Бугарија, Германија, Италија, Израел;

ГРУПА Б: Австрија, Франција, Шведска, Турција;

ГРУПА Ц: МАКЕДОНИЈА, Србија, Грција, Литванија;

ГРУПА Д: Летонија, Словенија, Белгија и Шпанија;

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

ГРУПА Ц

26. ЈУЛИ (САБОТА)

16.00: Литванија – МАКЕДОНИЈА
18.30: Грција – Србија

27.ЈУЛИ (НЕДЕЛА)

13.30: МАКЕДОНИЈА – Грција
18.30: Србија – Литванија

28.ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК)

18.30: Србија – МАКЕДОНИЈА
21.00: Литванија – Грција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот