
Лимани ветува 150 бесплатни мамографии годишно за жените во Гостивар
Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар Ваљбон Лимани на настан посветен на борбата против ракот на дојка, „Розов октомври“ најави поддршка за жените кои сакаат навреме да ги спречат последиците од болеста.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На градскиот плоштад, актуелниот градоначалник на општина Гостивар и кандидатот за нов мандат од Националната алијанса за интеграција и носителот на листата, Валдет Џафери разговараа со гостиварки и ја истакнаа важноста од подигањето на свеста кај жените за редовните здравствени прегледи
„Ја поздравувам оваа активност и таа има посебна симболика. Преку дистрибуција на информативни летоци, ги поттикнуваме жените да ги прават потребните прегледи на време. Превенцијата започнува со информации“, изјави Лимани.
Кандидатот за градоначалник во оваа прилика ја претстави и една од клучните точки во неговата програма за здравствена заштита. Доколку повторно добие мандат, тој ќе се залага за доделување на ваучери за 150 бесплатни мамографски прегледи. Во рамки на неговите надлежности ќе помогне за набавка на мамограф во општата болница
„Освен што испраќаме порака за да ги потсетиме нашите сограѓанки дека превенцијата многу е важна, предвидуваме зголемување на бројот на ваучери за мамографски прегледи и ехо прегледи пред сè за социјално ранливите категории“, кажа Лимани.