Лига на нации: Во Никозија ќе играме и без Елмас!

Фото: ffm.mk

Уште на прес конференцијата после натпреварот со Естонија, селекторот Игор Ангеловски изјави дека Елиф Елмас се пожали на повреда на бутниот мускул.

Прегледите дадоа лоши резултати, македонската А репрезентација в среда (18.00 часот) во Никозија против Ерменија ќе игра без уште еден клучен играч, фудбалерот на Наполи.

Многу проблеми пред последниот и најважен натпревар за пласман во повисок ранг од Лигата на нации, односно „Лигата Б“, а до обезбедување на првото место можеме и со реми на кипарското тло.

Покрај Елмас, нашиот стратег не може да смета уште на Пандев кој им се врати на тренинзите во Џенова, повредени се и Адеми, Барди, Алиоски, ќе недостасува голманот Димитриевски, потоа Николов и Спировски поради жолти картони, а од претходно поради позитивни тестови на ковид-19, ќе отсуствуваат уште К. Велкоски и Ристевски.

Ангеловски за претстојниот дуел ги повика Дарко Мицевски (Вардар), Душко Трајчевски (Докса, Кипар) и Томе Китановски (Македонија ЃП).

ВИДЕО | Ристовски кон Пандев пред Грузија: Нема да дозволиме ова да биде последниот твој натпревар за Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот