лазаров
Кирил Лазаров и Нант запишаа триумф против Данкерк/Фото: www.Photo-andersen.dk/www.Facebook.com/photoandersendk/Marc M. Andersen

Лига Европа: Лазаров со два гола во новата победа на Нант

Во рамките од седмото коло во групата „Б“ на Лига Европа составот на Нант дома убедливо со 36:25 славеше над Кокс од Финска.

За француската екипа настапи македонскиот селектор и репрезентативец Кирил Лазаров кој двапати се запиша во листата на стрелците.

Од неговите тимски колеги најефикасен беше Словенецот Овничек со седум голови, а кај Финците по четири погодоци имаа Ненита и Ерсин.

На табелата после седум кола водат ГОГ и Бенфика со по 11 бодови, 10 има Нант, осум Лемго, два Чеховски Медведи, а без бодови и натаму е Кокс.

Во следното осми коло Нант ќе му гостува на германскиот Лемго на 22 февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!