Лиценците за производство на струја од Сонце одат како алва

За дваесет и пет месеци приклучени се нови 578,26 MW енергетски капацитети од обновливи извори кои произведуваат електрична енергија што е доволна за просечна потрошувачка на скоро 185 илјади домаќинства, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ)
Во јануари РКЕ има издадено лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со инсталирана можност од 27,06 MW.
„Овие бројки потврдуваат дека приватната иницијатива и капиталот што се инвестира во овој сектор се покажува како високо ефикасен и затоа реализацијата е брза. Ние за дваесет и пет месеци го имаме практично новиот еколошки РЕК Битола кога е во прашање инсталирана моќност, само сега тоа не е струја од јаглен туку е струја доминантно од Сонце, но има и од ветер, вода и биомаса.“ изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.
Во 2023 година издадени се лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од скоро 399 MW што претставува раст од над 160 % на инсталираниот капацитет во споредба со 2022 година, кога се издадени 152,2 MW.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот