Летале камења кон полициското комбе, петмина приведени

Во неделата, изминатиов викенд за време на полициски час, полицијата во близина на мостот кај Железничка станица привела петмина што биле претходно пријавени за гласна музика.

Од МВР велат дека на 7 јуни, околу 18 часот и 30 минути позади објектот на ПИОМ на кејот покрај реката Вардар, од полициски службеници од Полициската станица Аеродром, биле преземени мерки и активности по пријава од граѓанин за констатирани прекршувања на полицискиот час од група на граѓани кои биле собрани на јавно место и го нарушиле јавниот ред и мир со пушање гласна музика.

Од полицијата велат дека пет лица најнапред дрско се однесувале кон полициските службеници по што физички ги нападнале, а едно од нив фрлило со камен кон полициското комбе. Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“ и сторен прекршок „омаловажување на полициски службеник“, од слобода биле лишени А.Б.(27), А.М. (23), А.А.(30), Е.А.(30) и Х.Ј.(44), сите од Скопје.

За омаловажувањето на полициските службеници, на петмината лишени од слобода, поднесени им се записници за констатиран прекршок согласно член 13 од Законот за прекршоците против јавен ред и мир, додека поради непочитување на полицискиот час и препораките на Владата за справување со пандемијата на Ковид 19, со што е сторено кривично дело, по комплетирање на документацијата ќе им биде поднесена кривична пријава согласно член 206 од КЗ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот