Леонтина на работ од егзистенција! Некогаш животот и беше мед и млеко, а денеска е потполно друга приказна!

Фото: Принтскрин

Како самохран родител, кантавтор и композитор, пејачката вели дека денеска не е лесно да заработи за парче леб.

– Немам менаџер, туку се промовирам самата, немам маркетинг тим и тоа ми е голем товар. Не сум среќна кога морам тоа да го правам. За да опстоиш во шоу-бизнисот денеска, мораш да бидеш сам на себе менаџер и организатор, продуцент, стилист. Од кога знам за себе, јас сум приватник и од кога дојдов да работам во детскиот културен центар во Белград ми се наметна уште една работа и се трудам и задоволство ми е што можам да работам. Нормално, го користам моето влијание и познанства како јавна личност да ја промовирам што е можно повеќе детската култура – рекла за „Блиц“ Леонтина Вукомановиќ.

Фото: Блиц.рс

Инаку нејзината ќерка Луција неодамна се проба како манекенка и иако со мајка ѝ се појавува на јавните случувања, таа повеќе сака забави со врсниците.

– Таа не пропушта прилика да се појави на ревии, а сега има девет години и многу и се важни забавите со другарите од одделението. Во една прилика ми кажа: „Мамо, јас сум сепак дете, јас би сакала да играм, а кога ќе пораснам, тогаш може да бидам манекенка“, без оглед што претгодно не пропушташе прилика да прошета на модна писта – објаснува Леонтина.

Кога е во прашање воспитувањето, Леонтина и забранува премногу да користи мобилен телефон.

– Нажалост, тоа не е нешто што е забрането, но мобилниот телефон пречи. И го одземам ако претера со него или ако претера со некои модели на однесување по прекумерна употреба на телефон. И го одвлекувам вниманието и се обидувам да и го одземам телефонот, но дефинитивно би сакала да и забранам користење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот