Фото: Flickr

Лекарка препорачува: Совршен појадок на шведска маса, a лоша вест за луѓето кои сакаат да јадат колбаси, сланина и кроасани

Од меките бадемантили до топлите хидромасажни базени, постојат безброј работи што ги сакаме кога престојуваме во хотел. Но, за многу луѓе, шведската маса за појадок не е на врвот на листата.

На шведската маса, многумина уживаат да ги полнат своите чинии со колбаси, сланина, свежи печива или омлети. Меѓутоа, ако навистина сакате добро да се храните на одморот, можеби би требало да ја преиспитате сопствената стратегија.

Појадок во хотел: Која храна на шведска маса треба да ја избегнувате?

Д-р Рејчел Вудс, виш предавач по физиологија на Универзитетот во Линколн, открила што ја прави совршена шведската маса за појадок. За жал на љубителите на месо, содржината на идеалната чинија е целосно од растително потекло.

„Ако вашиот хотел нуди појадок, искористете го како можност да го започнете денот со хранлив оброк. Чинија со печурки, домати, грав или свежо овошје може да ве подготви за денот и да ви го олесни изборот на храна за остатокот од денот“, советувала експертката за „Конверзејшн“ (The Conversation).

Д-р Вудс вели дека одморите треба да бидат за „релаксација, уживање и создавање спомени, а не опсесија со ‘совршениот’ план на оброци“.

„Здравата исхрана се гради во текот на месеци и години, а не една недела (или две). Наместо ограничување на храната, подобар пристап е да вклучите здрави додатоци во вашите оброци. На овој начин, можете да го негувате своето тело, да го поддржите својот дигестивен систем и да останете хидрирани без да се чувствувате ускратени од нешто“, објаснила таа.

Ако престојувате во хотел со сè вклучено (all inclusive), д-р Вудс вели дека треба да вклучите овошје или зеленчук во секој оброк.

Уживајте во локалната кујна

„Додавањето салата или зеленчук на секоја чинија или сечкано овошје за појадок го одржува внесот на влакна и обезбедува вредни хранливи материи. Ако сакате умерен внес на калории, започнувањето на оброкот со салата или овошје може да ви помогне да се чувствувате сити пред главното јадење“, додава таа.

Контрола, на некој начин можете да имате и ако сами ги подготвувате своите оброци или ако се храните надвор од хотелот.

Без оглед на вашето сместување, д-р Вудс советува да уживате во локалната кујна, пишува „Дејли мејл“.

„На пример, на Медитеранот, традиционалната исхрана е богата со зеленчук, маслиново масло и свежа риба. Сето ова е поврзано со здравјето на срцето и долговечноста. Ако сте во близина на брегот, искористете ја максимално свежата риба, која е одличен извор на здрави масти. Изборот на цела, минимално преработена храна што е можно почесто е генерално најздравата опција“, рекла таа.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот