Храна што ви ја „краде“ енергијата: Обрнете внимание на начинот на кој се храните

Како што постои храна што може да го поттикне вашето добро расположение и која ќе ви даде дополнителна енергија за редовно извршување на секојдневните обврски, исто така постои и храна што може да ви ја намали енергијата.

Ваквите намирници се познати како „крадачи на енергијата“ и тоа е онаа храна на која малкумина од нас, на прв поглед, можат да ѝ одолеат.

Преработки од месо

На прво место на листата што ја намалува енергијата, но и прави да се чувствувате напнато, уморно, а во некои ситуации и депресивно, се месните преработки, какви што се паштетите, саламите, колбасите. Веднаш по нив се оброците познати како „брза храна“ како и сите индустриски подготвени пијалаци. Нивната заедничка особина е што во својот состав не содржат речиси никакви витамини и минерали, но за сметка на тоа изобилуваат со присуство на трансмасти и поголемо количество шеќер.

Внимавајте со количината на испиено кафе

Кога ќе се спомне напиток или храна што дава енергија, секому прво што му паѓа на ум е пиењето кафе. Овој напиток секогаш се пие рано наутро (со надеж дека побрзо ќе се расониме), но и секогаш во текот на денот кога ќе се почувствуваме уморно.

Прочитајте и...  Финците велат дека можат да го намирисаат вирусот со 100% сигурност: Кучиња трагачи во Хелсинки откриваат корона! (ФОТО)

Сепак, нутриционистите советуваат да внимавате на количината на испиено кафе во текот на денот.

Па така, доколку една до две шолји во текот на денот навистина можат да помогнат да се чувствувате подобро и да помогнат енергијата да се врати, доколку испиете три или четири шолји кафе, ќе постигнете сосема спротивен ефект. Претераниот внес на кофеин може да придонесе кон комплетно губење на енергијата. Покрај тоа, пржените зрна на кафето содржат одредени материи што имаат моќ да ја спречуваат апсорпцијата на железото. Како последица на тоа се јавува намалувањето на присуството на кислород во организмот, а со тоа и пад на енергијата.

Избегнувајте производи што ја имаат ознаката „лајт“

Нутриционистите препорачуваат да избегнувате да користите храна и напитоци што ја имаат ознаката „лајт“, бидејќи во нивниот состав многу често се содржани вештачки засладувачи, кои ќе ви ја одземат енергијата во телото.

Сол

Следна намирница која е ставена на листата на „ крадачи на енергијата“ е солта. Затоа, секогаш кога ќе бидете во можност, избегнувајте да јадете многу солена храна и никогаш не додавајте од овој зачин во претходно подготвената храна. Солта е богата со натриум, кој има моќ да ја задржува водата во телото и предизвикува чувство на надуеност.

Прочитајте и...  За среќен почеток на есента: 3 рецепти што морате да ги пробате во новата сезона

Мисиркино месо

Верувале или не, мисиркиното месо, па дури и да е свежо, има моќ да ни ја одземе енергијата. Освен со ова месо, мора да бидете исклучително внимателни и со консумирањето на другите видови црвено месо. Во нивниот состав има поголемо количество триптофан – аминокиселина која има негативно влијание врз организмот.

Мисиркиното месо, како и другите црвени меса, се препорачуваат да се јадат во деновите кога не планирате поголема физичка или ментална активност. Ова месо редовно треба да го избегнувате тогаш кога пред вас претстои напорен работен ден, кога е потребно да имате поголемо количество енергија и концентрација.

Во таквите денови, препорачливо е да внесувате оброци кои се богати со витамини и минерали, како што е храна подготвена на база на зеленчук, а за десерт јадете овошје и се разбира пијте вода во големи количини.

Пржената храна исто така важи за „ крадач на енергијата“, па затоа јадете ја поретко.

Алкохол

Само една испиена чаша вино за време на ручекот може да ве направи поспани и да имате чувство дека сте преморени. Алкохолот има својство да ја забавува функцијата на централниот нервен систем. Од друга страна, тоа доведува до несоница. Сумирано, со само една испиена чаша алкохол (најмногу вино и пиво) нивото на енергијата во телото ќе опадне и следните неколку часови многу тешко ќе успеете да ја вратите. Токму тоа е причината поради која поголем број луѓе избегнуваат да пијат алкохол во текот на денот. Наспроти тоа, една чашка алкохол доцна навечер е дозволено, токму поради тоа што ќе придонесе полесно да се опуштите по напорниот ден.

Прочитајте и...  Посветете се на менталното здравје: Физички симптоми кои ги предизвикува осаменоста

Леб и тестенини

Доколку сте во можност, комплетно исклучете го лебот од исхраната. Во неговиот состав има поголема количина јаглехидрати, кои многу бргу ќе ви ја „украдат“ енергијата. Имено, јаглехидратите најпрвин го зголемуваат нивото на шеќер во крвта и даваат лажно чувство на ситост, а веднаш потоа следува драстичен пад на нивото на шеќерот во крвта. Поради тоа, во еден момент ќе се чувствувате енергично и моќно, а веќе во следниот момент ќе почнете да се чувствувате изгубено, без енергија, дури и меланхолично.

Прочитај повеќе

Актерката Ема Стоун се венчаше во тајност, но очекува и принова! (ФОТО)

Слободен Печат

Покажа дека нема проблеми со килограмите: Манекенката Софија Милошевиќ е во топ форма и по породувањето!

Васко Спасоски

Љубов преку балкон во време на корона: Тие се Ромео и Јулија на 21 век

Слободен печат

Оваа сезона на Вага ќе биде поинаква: Еве што точно му носи на вашиот хороскопски знак

Слободен Печат

Дац и Александар го претставија спотот за песната „Ѓавол да те земе“ (ВИДЕО)

Слободен печат

Како во филм: Дилер на дрога осуден на смрт, ископал тунел од ќелијата и побегнал

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

За среќен почеток на есента: 3 рецепти што морате да ги пробате во новата сезона

Слободен печат

Јелена Розга никогаш не настапува без овој детаљ на себе: Нема шанса да сте го забележале

Васко Спасоски

Следната година Том Круз ќе патува во вселената за да сними филм!

Васко Спасоски

Интервју со Александар Ношпал, костимограф и моден дизајнер: Балетскиот костим е врв во креирањето облека 

Јасмина Кантарџиева Димков

Финците велат дека можат да го намирисаат вирусот со 100% сигурност: Кучиња трагачи во Хелсинки откриваат корона! (ФОТО)

Васко Спасоски

Рајан Рејнолдс ќе стане сопственик на фудбалски клуб: За 2 милиони долари го купува од навивачите! (ФОТО)

Васко Спасоски