Легионерската болест (инфекција на белите дробови) однесе 23 животи во Полска: Изворот на инфекцијата не е идентификуван

Полско знаме/ фото: МИА

Во Полска до 11 септември се пријавени вкупно 23 смртни случаи поврзани со легионерска болест ( инфекција на белите дробови-пневмонија) соопшти денеска Светската здравствена организација.

Пријавени се вкупно 166 случаи на оваа болест, соопшти СЗО, додавајќи дека од 7 септември не е регистриран ниту еден нов случај, пренесе Ројтерс.

Легионерската болест, предизвикана од бактеријата Легионела, може да доведе до тешка форма на пневмонија.

Според СЗО, најчестиот облик на пренос е вдишување на контаминирани аеросоли во комбинација со вода, млазници или преку загадени извори на вода.

Во август, властите објавија дека полската агенција за внатрешна безбедност истражува дали појавата на легионерска болест може да биде резултат на намерна контаминација на водоводниот систем.

Изворот на инфекцијата се уште не е идентификуван и во тек е истрага, соопшти СЗО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот