Лефков: Вчерашниот протест чини помалку од еден ден крадење на владата на Ковачевски

Протест на ВМРО-ДПМНЕ/Фото: Скриншот

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков денеска рече дека цената на синоќешниот протест на партијата е „неспоредлива во однос на еден ден на крадење на владата на Ковачевски“, одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинувањата на владејачката СДСМ дека потрошиле 300.000 евра за митингот. 

– Тој протест чини драматично помалку од златните вилушки кои ги користи Ковачевски во владата. Тој драматично чини помалку од само ден крадење во РЕК Битола, чини помалку од еден распишан и спроведен тендер за ископ на јаглен на фамилијата и на кланот кои се на власт и поради која народот плаќа секој ден поскапа струја. Така да, протестот чини многу помалку од штетата која СДСМ и ДУИ ни ја прават секој ден – рече Лефков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот