Лажно се претставил и парите ги ставил во џеб, а документите останале неиздадени

Министерство за внатрешни работи/ Фото: МИА

Во последниот извештај на Министерството за внатрешни работи, се наведува дека скопјанец лажно се претставувал како вработен во државна институција, нудјќи им на четворица сограѓани за паричен надоместок, да им посредува во вадење на одобренија.

Измамените признале дека во неколку наврати му дале пари, но не добиле за возврат ништо.

– На 11.11.2022 во 20,10 часот во Полициска станица Карпош Е.А. (29) од Скопје пријавил дека во временскиот период од октомври 2020 година до ноември 2022 година, тој, а потоа и Е.Ш.(24), Е.И.(36) и Б.С.(38), по претходен договор во неколку наврати му дале пари на Д.А., кој се претставил како вработен во државна институција, во врска со посредување од страна на пријавениот за вадење на одобренија, при што до денот на пријавување Д.А. не им ги обезбедил бараните документи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во извештајот на МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот