Лажна дојава за бомба во холандскиот Парламент

Холандски парламент / Фото EPA-EFE/REMKO DE WAAL

Парламентот на Холандија попладнево беше накратко евакуиран откако се покажа дека заканата за бомба била лажна.

Холандската полиција во четвртокот објави дека тим за експлозиви истражува „сомнителна ситуација“ во зградата во која се наоѓа националниот парламент во Хаг, и ја расчистила областа околу зградата и им наредила на луѓето да ја напуштат областа.

По околу еден час полицијата им дозволила да се вратат во зградата. Антиисламскиот пратеник во холандскиот парламент Герт Вилдерс изјави дека лажната бомба била наменета за него и дека тоа е причината за евакуацијата.

Во мојата канцеларија во парламентот беше доставен пакет со плишано мече и жици“, напиша Вилдерс на Твитер. „За среќа немаше експлозив и не беше опасно, но не беше ниту забавно“, додаде тој.

Партијата на слободата на Вилдерс (екстремната десница) стана втора најсилна во земјата, а самиот Вилдерс со години живее под строги безбедносни мерки бидејќи добивал смртни закани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот