Лавров смета дека ескалацијата на ситуацијата може да ја зголеми тензијата на Блискиот Исток

Сергеј Лавров / Фото EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот ирански колега Хосеин Амир-Абдолахиан истакнаа дека ескалацијата на ситуацијата и „провокативните дејствија“ може да ја зголемат тензијата на Блискиот Исток, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

„Забележано е дека натамошната ескалација на тензиите во регионот и новите, опасни провокативни дејства може да доведат до засилување на тензиите на Блискиот Исток“, соопшти Министерството за телефонскиот разговор меѓу двајцата министри.

„Спречувањето на таквите сценарија и отстранувањето на нивните основни причини мора да биде приоритетна работа на Советот за безбедност на ОН”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот