Лавров: Се води валкана игра за кој прв ќе создаде вакцина за коронавирусот

Путин и Лавров/Фото: EPA-EFE/SEAN GALLUP / POOL

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров изјави дека во светот моментално се води валкана игра за кој прв ќе направи вакцина против коронавирусот.

„Се работи за борба на престиж кој прв ќе направи вакцина, се работи за национален егоизам“, рекол министерот, а пренесува Спутник.

Лавров наведе и дека постојат сознанија дека Америка ја купила француската компанија „Санофи“ само заради тоа што таа фармацевтска фирма би можела прва да направи вакцина.

„Меѓутоа, цела Европа го дели ставот кој го застапува и Русија дека кој и да ја направи вакцината, треба да ја направи достапна на сите. Единствено таков став има смисла, геополитиката таму нема место“, нагласи тој.

Лавров додаде дека ниту една земја не би требала вакцината да ја претвора во своја геополитичка корист.

Рускиот министер исто така ги отфрлил и сите обвинувања упатени кон Русија дека ги крие вистинските информации за бројот на смртни случаи од коронавирус, велејќи дека Москва на таков начин „не игра со животите на луѓето“.

„Човечките животи не се шега, никој во Русија не игра на тој начин. Загрижувачки е што некој ја користи оваа ситуација за обвинувања“, заклучи Лавров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот