Лавров доби дозвола од ЕУ да дојде во Скопје на самитот на ОБСЕ

Сергеј Лавров
Сергеј Лавров / Фото: EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров може да отпатува во земја на ЕУ или во Северна Македонија, и покрај тоа што е на европската листа на санкции наметнати на Русија поради војната во Украина. Ова го потврди портпаролот на Европската комисија во врска со информациите дека Лавров оваа недела ќе учествува на состанокот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Скопје, пренесува бугарската агенција БТА.

Портпаролот објасни дека оние кои се погодени од санкциите имаат право да патуваат, особено кога нивното патување е поврзано со причината поради која се санкционирани. Лавров е санкциониран, но санкциите предвидуваат исклучоци од учество на меѓународни состаноци, посочи тој.

-Земјите од ЕУ можат да дозволат прелетување на авионот на Лавров, како и властите во Скопје да издадат дозвола за слетување и учество на состанокот, тоа нема да биде прекршување на санкциите. Ова ќе ни даде можност да застанеме очи во очи со Лавров и да разговараме за лагите што тој ги шири, додаде портпаролот.

Според него, на ваквите средби ЕУ може да ја претстави својата визија, а санкционираните да одлучат да го променат своето деструктивно однесување.

Портпаролот не можеше да потврди дали високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел ќе присуствува на состанокот на ОБСЕ поради неодамнешните настани на меѓународната сцена. Планирано е Борел да патува барем на дел од состаноците, а доколку не успее, ЕУ да биде претставена на соодветно ниво, прецизираше портпаролот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот