Лани на секој трет патник од Европа му доцнел летот

Чекање на лет/ Фото Илустрација: Naeblys / Alamy / Alamy / Profimedia

Граѓанскиот авиосообраќај во Европа минатата година беше многу неправилен, а авионите често доцнеа, па третина од патниците беа погодени од доцнење и откажување на летовите, покажуваат резултатите од истражувањето на порталот „Ерхелп“. И покрај намалениот распоред на летови, 244 милиони патници, или нешто помалку од 31 отсто од вкупно 795 милиони превезени, или им доцнел или им бил откажан летот во последен момент, се вели во анализата на порталот.

За споредба, во текот на 2019 година – последната година пред пандемијата на ковид-19, 24 проценти од патниците биле погодени од доцнења и откажувања, односно вкупно 1,12 милијарди.

„Особено летото покажа дека персоналот на аеродромот и превозникот не се подготвени наспроти зголемениот воздушен сообраќај по пандемијата“, рече шефот на „Ерхелп“ Томаш Павлизин.

Според студијата, во текот на летните месеци до 40 отсто од патниците имале потешкотии со летовите. Покрај слабостите на персоналот, други главни причини за одложувањата беа штрајковите и неповолните временски услови. Паулизин предупредува дека нема подобрување на повидок дури и за 2023 година.

„Очекуваме продолжување на негативните трендови и оваа година. Како и во многу други индустрии, недостигот на квалификувани работници се уште е сериозен проблем, а штрајковите се дополнителен предизвик“, рече тој.

Според „Ерхелп“, Холандија е земја со најмногу доцнења, по што следат Британија и Германија, а Крф, Манчестер и Франкфурт се водечки аеродроми за неточности во изминатата година. Во предвид се земени летовите доцнени за повеќе од 15 минути, како и откажаните во неделата пред закажаното полетување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот