„Лајка“ залови 30 бездомни кучиња за 10 дена во општина Гази Баба

Фото: ЈП „Лајка“

Јавното претпријатие „Лајка“ од 12 јуни почна со стратешкото заловување на територијата на општина Гази Баба, иако со посебен интензитет во оваа општина се заловуваше и претходно. За овие 10 работни денови, тимот на „Лајка“ залови вкупно 30 бездомни кучиња, кои го немаа поминато хуманиот третман и секое едно од нив во моментов е во некоја фаза од третманот во прифатилиштето, соопшти претпријатието.

– Во овој период заловувачкиот тим на ЈП „Лајка“, активно во текот на цело работно време беше присутен на територијата на општината и го залови секое бездомно куче на територијата на општината, кое го нема поминато хуманиот третман, вклучувајќи ги и оние кои беа посочени од граѓаните, се додава во соопштението.

Од следната недела, се наведува во соопштението, се продолжува со стратешко заловување во општина Центар, додека во другите општини, вториот тим на заловувачи ќе постапува исклучиво по пријави на физички и правни лица, на цела територија на градот Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот