Лајчак: По подолго време ЕУ првпат е подготвена за проширување

Мирослав Лајчак/ Фото: EPA-EFE/NEMANJA JOVANOVIC

Специјалниот претставник на Европската Унија за Западен Балкан и дијалогот Белград – Приштина Мирослав Лајчак изјави дека првпат по долго време ЕУ е подготвена за проширување, јави дописникот на МИА од Белград.

– На денешниот самит за Балканот истакнав дека првпат по некое време ЕУ е подготвена за проширување. Крајно време е да ја искористиме таа можност, напиша синоќа Лајчак на платформата Х (Твитер).

Лајчак вчера учествуваше на самитот ЕУ-Западен Балкан организиран од бриселскиот политички институт „Пријатели на Европа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот