Кузеска: ДПМНЕ и Мицкоски имаат шанса макар еднаш да покажат државничко однесување

Богданка Кузеска / Фото: Архива на Слободен печат

Опозициската ДПМНЕ нема поддржано ниту една важна стратешка одлука за државата. Не го поддржаа зачленувањето во НАТО, не го поддржаа ниту Договорот од Преспа, не го поддржаа продолжувањето на преговорите со ЕУ, а не гласаа ниту за договорот ФРОНТЕКС. ДПМНЕ не лобирале ниту за последната одлуката на германскиот Бундестаг со поддршка за членството во ЕУ и признание за македонскиот идентитет. Ова денеска го соопшти портпаролката на СДСМ, Боданка Кузеска, потсетувајќи дека само  ДПМНЕ-Левица и партии од Бугарија се против оваа значајна Резолуција.

– Тоа покажува дека ДПМНЕ нема државнички капацитет и не може да собере сили да го стави интересот на граѓаните на прво место. Каква е таа партија која е против членството во ЕУ со зачуван македонски јазик и идентитет? Сега е време за нова одлука за продолжување на европскиот пат. ДПМНЕ и Мицкоски имаат шанса макар еднаш да покажат државничко однесување. Можеме да застанеме заедно, рамо до рамо за државниот интерес а тоа е членство во ЕУ. Подадовме рака за дијалог, се случи лидерска средба на која се доближија ставовите. ДПМНЕ прифати уставни измени и учество во заедничка Влада, го призна легитимитетот на Владата и на Собранието и сега дијалогот треба да продолжи за деталите околу уставните измени. Нека размислат, ќе им дадеме уште време. Сметаме дека има време за дијалог и заедно да ги донесеме уставните измени – вели Кузеска.

Таа смета дека опозицијата треба да учествува во носењето на оваа одлука, а тоа е исполнување на еден од чекорите кон полноправно членство во ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот