Курти смета дека дијалогот со Белград не може да продолжи нормално по српската агресија врз Косово

Албин Курти / Фото EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Косовскиот премиер, Албин Курти по денешната средба со американските сенатори Џин Шахин и Питер Велч, кои престојуваат во официјална посета на Косово, изјави дека ги информирал гостите од САД со најновите податоци за нападот на 24 септември во Бањска и за вмешаноста на Србија во него.

На заедничката прес-конференција со Шахин, Курти рече дека од обезбедените докази е очигледно дека нападот во Бањска бил дел од поширок план на Белград за анексија на северот на Косово преку координирани напади на 37 локации.

Тој нагласи дека дијалогот меѓу двете држави, со посредство на Европската унија, со оглед на дестабилизирачките тенденции на Србија, не може да продолжи нормално.

– Разузнавачките институции забележуваат дека има зголемен ризик од напади од Србија… Сите овие обиди за дестабилизација мора да престанат веднаш. Дијалогот олеснет од ЕУ не може да продолжи бидејќи речиси ништо не се случи. Новото поглавје од дијалогот за нормализација треба да ги земе предвид и агресивните дејствија на Србија и нејзините напори за анексија на Косово. Мора да се преземат чекори за да му се даде на дијалогот уште една шанса да успее. Поитно од кога било досега е Србија да престане да кажува дека никогаш нема да го признае Косово, рече Курти.

Сенаторката Шахин порача дека на регионот му треба стабилност и мир и во тој правец мора да се работи по секоја цена.

– САД се покрај вас, рече Шахин, нагласувајќи дека одговорните за нападот од 24 септември мора да понесат одговорност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот