Курти: Северно Косово се користи како центар за трговија со дрога и шверц на оружје

Албин Курти / Фото EPA-EFE/ARBEN LLAPASHTICA

Косовскиот премиер Албин Курти во Атина рече дека сегашниот момент бара поддршка за демократијатијата и нејзините бранители и оцени дека заканата од автократија, првенствено Србија, очигледно е поддржана од сојуз со Путин, пренесуваат српските медиуми.

Курти, учествувајќи во панел организиран од економист на тема „Продлабочување на солидарноста: Како може Европа да излезе посилна од сегашните геополитички превирања?”.

Тој истакна дека неговата влада не барала инвестиции по цена на нејзините принципи, туку го зајакнала економскиот развој со борбата против корупцијата и поттикнувајќи  партнерства со европските и американските претпријатија, како и со претпријатијата на другите западни сојузници.

„Истото важи и за нашите безбедносни потреби”, рече Курти.

Тој оцени дека северниот дел на Косово бил користен како центар за трговија со дрога, шверц на оружје и рударство на криптовалутни валути.

„Пред еден месец, на 24 септември, агресијата што ја видовме кулминираше кога вооружените паравоени единици обучени во официјалните воени бази во Србија влегоа во мојата земја и отворија оган врз полицијата, убивајќи еден од нашите полицајци, посочи Курти.

Тој, исто така, рече дека значителен број докази укажуваат на вмешаноста и планирањето на поголема инвазија од државата Србија, бидејќи ниту една група цивили не може да собере такво оружје и да ги пренесе преку границите без, барем, премолчена поддршка од владата.

Курти рече дека Србија продолжува да ја зајакнува својата војска, дури и да добива дотур од нови извори, вклучувајќи ги и неодамнешните пратки од Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот