Куманово: Новогодишни пакетчиња за децата од здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива”

Фото: МИА/илустрација

Над 100 новогодишни пакетчиња се обезбедени за децата од здружението за промоција и развој на инклузивно општество, „Инклузива” Куманово, информираа денеска надлежните.

Половина од нив се донација од граѓанка од Куманово, половина од општината.

Благица Димитровска од „Инклузива” изјави дека остануваат посветени во напорите за суштинска вклученост на децата и лицата со попреченост во сите сегменти од живеењето.

Здружението бара сите објекти да бидат пристапни затоа што тоа е и законска обврска според законот за градба, но за жал во целост, не се почитува. Наша цел е да обезбедиме и бесплатен логопед, дефектолог, психолог, физиотерапевт за децата со попреченост, како и дневен центар во кој децата ќе можат да добијат социјална поддршка по часовите. Ова се суштински права кои припаѓаат, изјави Димитровска.

Преку проекти, „Инклузива” годинава учествуваше во изградба на сензорна соба во „Бајрам Шабани” и во „Кочо Рацин”, набавка на потребни материјали за сензорна соба во „Наим Фрашери”, адаптиран тоалет во „Христијан Карпош”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот