Кумановец фотографирал додека се потпишувал за претседателски кандидат

Полиција / Фото: МИА

Кумановец фотографирал додека се потпишувал за претседателски кандидат во подрачното одделение на Државната изборна комисија, информираат од СВР Куманово. Вработените од подрачното одделение Куманово на Државната изборна комисија го пријавиле во полицијата вчера.

– Вчера во 20:50 часот во СВР Куманово, двајца вработени во Државната изборна комисија пријавиле дека околу 13:00 часот во просториите на подрачното одделение Куманово на Државна изборна комисија едно лице, кое се потпишало на обрасците за собирање на потписи за предлагање на кандидат за Претседател на Република Северна Македонија, со мобилен телефон сликало додека се потпишувало, соопшти полицијата.

За настанот бил известен јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот