Фото: Фејсбук

Кучиња кутнале постара жена на „Партизанска“, завршила во болница со скршеници и пукнат нос

Жена од Скопје е тешко повредена на „Партизанска“ во скопската населба Карпош, кога глутница улични кучиња ја турнала, а во падот се здобила со неколку скршеници и пукнат нос, објави денека корисничка на „Фејсбук“ од Скопје.

„Човек побезбеден ќе се чувствува низ шума ако шета, отколку низ главниот град. Утрово бев сведок на ужасен настан. На партизанска, спроти Симпо, во една жена се удри споулавена глутница кучиња, која ја кутна на земја. Жената ја однесоа со брза помош со неколку скршеници, пукнат нос и кој знае колку страв. Да не зборувам за стравот на ќерка ѝ која дојде да ја земе. Ѓубре, смрдеа, глутници кучиња – главен град“, се вели во нејзината објава на Фејсбук.

Во објавата, таа сподели и вознемирувачки фотографии од повредената жена, кои не ги објавуваме во оригиналната форма.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот