КСС: За да се заштеди струја, јавниот сектор да работи два часа помалку

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС)
Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС)

Јавниот сектор да работи два часа помалку, од 9 до 15 часот, кога има најмногу дневна светлина и кога е најтопло во текот на денот, е мерката за заштеда на електична енергија што ја предлага Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС).

Како што соопшти денеска претседателот на КСС, Благоја Ралповски енергијата што ќе се заштеди од јавните институции потоа да им се даде како помош на бизнис секторот и јавно – комунлните претпријатија за да се спречат поголеми ценовни шокови.

„Може да се направи рационализација, јавниот сектор може да работи со скратено работно време од два часа со што ќе се заштедат големи количини електрична енергија. Може да се направат дежурни тимови кои ќе ги сервисираат неопхоедните дејности во текот на еден ден“, истакна Ралповски.

Од КСС исто така побараа да се субвенционира струјата во индустриските капацитети и комуналните претрпијатија, во спротивно претседателот Ралповски вели дека ќе има зголемување на цените за комуналните услуги, но и губење на работни места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот