epa08702146 Napoli's forward Elif Elmas in action during the Italian Serie A soccer match between SSC Napoli and Genoa CFC at the San Paolo stadium in Naples, Italy, 27 September 2020. EPA-EFE/CESARE ABBATE

Кризата силно удри во екипите во Серија А, пет екипи не им даваат плати на фудбалерите

На екипите им се заканува одземање на бодови, а меѓу ние се тимовите на македонските репрезентативци Горан Пандев и Елиф Елмас.

Дури пет екипи од Серија А се соочуваат со можна казна бидејќи на фудбалерите им должат неколку плати.

Како што пренесува „Газета дело Спорт“, Лацио, Наполи, Сампдорија, Џенова и Беневенто, од август фодинава не им исплатиле ниту една плата и тоа ќе мора да го направат до почетокот на декември.

Доколку не исплатат дел од заостанатите плати, екипите се соочуваат со казна во вид на одземање на бодови, што ви бил еден од најголемите скандали во „Калчополи“.

Весникот додава дека петте екипи веќе се соочиле со казна во вид да мора да почнат со исплата на платите до 1. декември без разлика што италијанскиот фудбал е погоден од финансиска криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Во нималку полесна ситуација не се ниту други пет тим, Интер, Парма, Рома, Болоња и Кротоне, кои не ги плаќале своите фудбалери од септември.

Најдобро стојат екипите на Аталанта, Калјари, Фиорентина, Јувентус, Милан, Сасуоло, Специја, Торино, Удинезе и Верона кои на своите играчи им ја должат само ноемвриската плата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот