Кривичниот суд доби нова опрема за снимање, дактилографите ќе одмараат на рочиштата

Скопскиот Кривичен суд денеска доби опрема за тонско снимање на судењата. Опремата е инсталирана во 25 судници. Оваа пракса на аудио-снимање на главните расправи ќе им ја олесни работата на дактилографите.

– На тој начин ќе се забрзаат и ќе бидат поефикасни постапките – изјави претседателот на скопскиот кривичен суд, Иван Џолев

Опремата е донирана од САД. Џолев во судот ја прошета американската амбасадорка, Кејт Брнс.

Тие присуствуваа на првото судење каде првпат се употребуваше оваа опрема. Судењето траеше околу 20 минути и немаше потреба од пишување на записник.

Џолев не знаеше да каже колку вреди опремата, бидејќи како што рече, е донација.

И Џолев и Брнс не одговорија на новинарските прашања. За работата на Кривичниот суд, Џолев ги повика новинарите на брифинг во петок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот