Кривична пријава за гевгеличанка која украла накит од сограѓанка

Македонска полиција / Фото: МИА

Против четириесет и петгодишна гевгеличанка е поднесена кривична пријава поради сомнение за кражба на накит од сограѓанка.

„Полициската станица Гевгелија поднесе кривична пријава против Д.Б.(45) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ и против Д.Џ.(36) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „соизвршителство“ во врска со кривично дело „разбојништво“. Д.Б. се сомничи дека на 31.10.2023 околу 20.30 часот во Гевгелија со помош на Д.Џ. и со употреба на сила одзела накит од жителка на Гевгелија“, информираат од МВР.

По преземени мерки и активности, на 01.11.2023 двајцата биле лишени од слобода и во службен разговор во полициска станица го признале делото. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот