Кривична пријава против скопјанец за измама

Фото: Димитриј Богдановски / Google Maps

Полицијата поднесе кривична пријава против 38-годишниот скопјанец А.А. кој е осомничен дека измамил лице од Скопје оти ќе му заврши постапка за приватизација на градежно земјиште во државн сопственост за паричен надомест од 30.000 евра.

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(38) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама” по чл.247 од Кривичниот законик. Пријавениот со лажно прикажување на факти довел во заблуда лице од Скопје дека за паричен надомест од 30.000 евра пред надлежните органи ќе му заврши постапка за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост со вкупна површина од 13.764 квадратни метри на катастарска парцела во Визбегово, се наведува во соопштението од МВР.

Како што додаваат од Министерството, тој уште во 2016 година обезбедил лажен докумет – Решение за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост, стекнато без платен надомест, наводно издадено од Министерството за финансии, Управа за имотно-правни работи, Подрачно одделение за првостепена управна постапка Кратово.

Во решението било наведено дека поднесеното Барање за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост од оштетениот се уважува и земјиштето во државна сопственост се приватизира. Решението било заверено на нотар и спроведено во Агенцијата за катастар на недвижности на основа на што било издаден имотен лист на име на оштетениот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот