Криумчарел мигранти во украдено товарно возило

Фото: МИА

Мигрантите ги презел на договорена локација на македонско – грчката граница

Едно лице е уапсено во обид да прокриумчари четириесет мигранти од Авганистан и Пакистан. Мигрантите ги презел на договорена локација на македонско – грчката граница и со украдено товарно моторно возило се упатил кон Куманово.

Во близина на Неготино возилото било пресретнато од полициска контрола но возачот го игнорирал знакот да застане и се упатил кон Штип. Полициските службеници успеале да го пресретнат кај селото Лакавица, а лицето било лишено од слобода. Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт за стореното кривично дело со предлог да биде изречена и мерка притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот