Крешник Бектеши ги повика медиумите да внимаваат и да не ја поврзуваат ДУИ со руски пари

Крешник Бектеши
Крешник Бектеши / Фото: Фејсбук, Крешник Бектеши

„Инвестицијата во фабриката „МАЈА“ не е на партијата, туку ДУИ ги претставуваше државните институции при отворањето што се одржа во 2016 година кај селото Гари, дебарско“, одговори министерот Крешник Бектеши на прашањето во врска со истрагата што Обвинителството ја води за фирмата околу сомневањата за перење на руски пари, објави „Алсат“.

Бектеши дури рече дека медиумите „треба да внимаваат“ со насловите што ја поврзуваат ДУИ со инвеститорите, кои се под лупа на обвинителството. Тој појасни дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ја пресекол лентата на фабриката како пратеник од таа изборна единица.

„Господин Ахмети е со Крешник Бектеши, Артан Груби, Дритон Кучи, Ваљон Сарачини и со сите што ги водат надлежните институции како резултат на победата на изборите. Ахмети заедно учествува на разни инаугурации. Да не заборавиме дека г-ин Али Ахмети, покрај тоа што е лидер на најголемата албанска политичка партија во земјава е и пратеник од тој регион и во времето кога беше отворена компанијата „МАЈА“, општина Дебар и дел од другите релевантни општини беа во шестата изборна единица“, рече Бектеши.

Имено, двете концесии за МЛ-Гари ги потпишале министрите за економија од редовите на ДУИ, Ваљон Сарачини во април 2012 година, за користење на минерална вода, а во 2018 година тоа го сторил актуелниот министер Бектеши, за месноста Звичница кај истото село. Важноста на концесијата е 30 години. Таа била доделена врз основа на Законот за минерали и вода за пиење преку стопанисување. Бектеши рече дека доколку властите докажат оти се переле пари преку компанијата „Маја“, тогаш двете концесии ќе бидат одземени.

„Доколку одредени лица направиле значителни средства во Северна Македонија за други цели или како што истакнавте, за перење пари, надлежните органи треба да го истражат и да го докажат тоа. Во моментов, доколку се докаже дека тоа се случило и имаме одлука од судовите или институциите во земјата, вклучително и финансиската полиција, тоа би било основа за одземање на концесијата бидејќи одредени лица или одредени субјекти кои работат во странство може да бидат под санкциите кои ги одобривме“, додава Бектеши.

Финансиската полиција се посомнева дека од сомнителни „офшор“-дестинации се слеале милиони евра во компанијата, со сомнеж дека главниот капитал доаѓа од Русија. Ова довело до прелиминарна истрага во Обвинителството. Предистражната постапка долго време била закочена поради бавното постапување на Обвинителството, сè до минатата среда, кога финансиските инспектори испратија известување до Обвинителството за организиран криминал и корупција. Обвинителите сега истражуваат дали преку фабриката „Маја“ биле перени пари преку „офшор“-компании на Кипар и Британските Девствени Острови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот