Фото: printscreen

Кремљ: Разговорите за можна размена на осудената американска кошаркарка Грајнер се строго доверливи

Сите разговори за можна размена што ја вклучува осудената американска кошаркарка Бритни Грајнер, мора да бидат строго доверливи, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Руски суд вчера ја одби жалбата на Грајнер, која на 4 август беше осудена на девет години затвор за поседување и криумчарење дрога.

Триесет и двегодишната кошаркарка ја уапсија на 17 февруари на аеродромот Шереметјево во Москва, откако во нејзиниот багаж беше пронајдено масло од хашиш. Тоа се случи само неколку дена пред руската инвазија на Украина.

Грајнер замина во Русија за да му се придружи на тимот на Екатеринбург.

На прашањето дали е можно Грајнер да биде ослободена во рамките на размената на затвореници, Песков одговори дека „сите контакти за можни размени може да се одвиваат само во тишина”.

Претседателот на САД, Џо Бајден пред новинарите истакна дека неговата администрација е во „постојан контакт” со руските власти за случајот Грајнер, но и за други Американци, кои се во затвор во Русија.

За време на судењето, таа призна дека имала недозволена супстанца во багажот, но, како што појасни, ненамерно ја спакувала при брзање и додаде оти не сакала да изврши кривично дело

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот