Кремљ: Преговорите продолжуваат, договор сè уште нема

дмитриј песков
Дмитриј Песков / EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV / POOL

Кремљ во четвртокот соопшти дека Русија вложува огромна енергија во разговорите за евентуален мировен договор со Украина што би можел брзо да ја запре руската воена операција таму.

„Нашата делегација вложува огромен напор и покажува поголема подготвеност кон нив отколку другата страна“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Носење на таков документ, почитувањето на сите неговите параметри и нивното спроведување може многу брзо да го запре она што се случува“ додаде тој.

Запрашан за извештајот на Фајненшл Тајмс дека Украина и Русија постигнале значителен напредок во пробниот мировен план, Песков рече: „Не е во ред – има елементи што се во право, но во целина тоа е неточно“.

Кремљ ќе објави дека има напредок кога навистина ќе има таков напредок. „Сепак, сите други прашања обратете ги до Фајненшл Тајмс“, се потсмеваше Песков.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека тврдењето на американскиот претседател Џо Бајден дека претседателот Владимир Путин е воен злосторник е неприфатливо и дека САД немаат право да ѝ држат предавања на Русија по нејзината вмешаност во толку многу конфликти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот