Кремљ ги негира обвинувањата дека погодиле станбена зграда во Дњепар

Фото: State Emergency Service of Ukraine/Cover Image/INSTARimages.com / INSTAR Images / Profimedia

Кремљ денеска негираше дека руските сили погодиле станбена зграда во градот Дњепар, каде, според украинските власти, руска ракета убила најмалку 36 лица.

– Руските вооружени сили не бомбардираат станбени згради, ниту цивилна инфраструктура, тие бомбардираат воени цели, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, наведувајќи дека „можно е да паднала украинска ракета за противвоздушна одбрана врз зградата”.

Според украинските власти, најмалку 36 лица, меѓу кои две деца, загинале во експлозијата на руска ракета што во саботата погоди зграда во Дњепар, а 35 лица сè уште се водат како исчезнати. Бројот на загинати денеска се искачи на 35, а потоа на 36, бидејќи спасувачките екипи пронајдоа тела под урнатините.

Коментирајќи ги најавите дека Западот ќе испрати тенкови во Украина, Кремљ денеска се закани дека ќе ги „запали”, особено оние што планираат да ги испратат Лондон и Варшава.

– Тие тенкови горат и ќе продолжат да горат, рече Песков на дневниот телефонски брифинг за новинарите.

Тој повтори дека Западот ја користи Украина за да постигне „антируски цели” и дека Кремљ е решен да ги постигне „целите на специјална воена операција”, како што руските власти ја нарекуваат офанзивата против својот сосед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот