Краток психолошки тест на Фројд: Одговорите на овие 8 прашања откриваат што се крие во вашата потсвест

Овој краток и интересен тест на Сигмунд Фројд, таткото на психоанализата, може да открие некои тајни и да ви помогне да разберете што се крие во вашата потсвест. Сè што треба да направите е да земете пенкало и хартија, да ја ослободите вашата имагинација и да го направите овој тест.
Резултатите од овој краток психолошки тест се неверојатно точни. Запишете ги вашите одговори за овој тест на потсвеста и зачувајте ги до крај. Откако ќе завршите со одговарањето на сите прашања, тогаш погледнете ги одговорите. Доколку ви е потребно, затворете ги очите за подобро да ги разберете емоциите.
1.Гледате во море. Што е првото нешто што го чувствувате и што ви поминува низ умот?
2.Шетате во шума и гледате во земјата. Што гледате и како се чувствувате за тоа?
3. Како и што чувствувате кога гледате додека ви летаат галеби над глава?
4. Што е првото нешто што ви паѓа на ум кога ќе погледнете еден коњи како трчаат? Какви емоции чувствувате?
5. Во пустина сте, а пред вас има ѕид. Не можете да видите подалеку. Сепак, на ѕидот има мала дупка и низ неа се гледа оазата. Не фокусирајте се само на вашите чувства, туку и запишете што би направиле во оваа ситуација.
6. Додека талкате во пустина, чувствувајќи се крајно исцрпено, одеднаш наоѓате стомна полна со вода. Што би направиле? Фокусирајте се на постапките, запишете го одговорот дури ако е очигледен или досаден.
7. Изгубени сте во шума навечер. Одеднаш наоѓате куќа со запалени светла. Што би направиле?
8. Влеговте меѓу магла и не можете да видите ништо. Што би направиле доколку се соочите со таква ситуација?
Што велат вашите одговори за вас како личност?
1. Ова е вашиот став кон животот, вашите емоции и потреби и желби.
2. Вака се чувствувате за вашето семејство.
3. Одговорот на третото прашање го претставува вашиот однос кон жените.
4. Ова е одговорот кој може да ви даде како се чувствувате за мажите.
5. Вака сакате да ги решавате проблемите во животот, а тоа ги одразува и соништата и целите во животот.
6. Вака го бирате вашиот емотивен партнер.
7. Одговорот на ова прашање ги открива вашите размислувања и подготвеност за брак и создавање семејство.
8. Како се чувствувате за смртта и вашиот однос кон неа.