Фото: Profimedia

Кралски Велигден: Прекрасни фотографии од дворецот на принцот Алберт и принцезата Шарлин

Опуштената фотографија најдобро опишува како владетелите на Кнежевството Монако го слават Велигден, а се чини дека фарбањето јајца им е омилена активност.

Принцот Алберт и принцезата Шарлин од Монако сериозно ја сфатија уметноста и тоа на вистински кралски начин со своите близнаци. Принцезата Шарлин сподели фотографии откривајќи како се подготвувало нејзиното семејство за велигденските празници, објавувајќи ги на својот профил на Инстаграм.

Фотографијата е направена од високо, и прикажува весела четворка како седи на скалите каде ги фарбаат своите велигденски јајца. Шестгодишните близнаци, принцот Жак и принцезата Габриела, се неверојатно поврзани, што може да се види на оваа весела семејна фотографија. Братот со едната рака ја потпре главата на својата сестра на себе и со другата покажа знак на мир пред камерата.


Посебни честитки

„На сите им посакуваме благословен Велигден“, напиша 43-годишната принцеза Шарлин со знак на срце и на сите им посака „среќен лов на јајца“.

Минатиот Велигден, 63-годишниот принц Алберт штотуку го заврши период на самоизолација, откако тестот покажа дека е позитивен на коронавирус, во ранaта фаза на пандемијатаНо, за среќа, тој беше добро и излезе на време да ги помине празниците со своето семејство на нивната фарма во планините Рок Агел.


За време на сите празници, ова кралско семејство се обидува да им даде на своите сограѓани и остатокот од светот необични фото – честитки и за време на пандемијата да го подигнат моралот во нивното кнежевство.

Неодамна, принцот Алберт во еден редок јавен настап се отвори за начинот на кој тој и неговата сопруга ги одгледуваат своите близнаци. Како и многу семејства ширум светот, Алберт и Шарлин исто така се соочија со предизвикот да ги едуцираат децата дома за време на пандемијата. За среќа, принцот Алберт вели дека може да се справи со нивните математички задачи затоа што тие сè уште не започнале да учат собирање и други математички операции, со кои тој самиот има проблеми. Децата сепак најмногу ја сакаат географијата.

Фото: Профимедиа

„Веќе ја поминавме фазата кога тие сакаа да знаат сè за океаните , планетите, како и за Сончевиот систем“, рече принцот Алберт. Иако тие се деца на монегашкиот владетел, Жак и Габриела можат непречено да уживаат во своето детство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот