Кралот Чарлс / Фото: Instagram / theroyalfamily

Кралот Чарлс не гледа опасност во лекувањето на ракот со медицински канабис

Кралот Чарлс отсекогаш бил љубител на алтернативната медицина, па така и овој пат тој се одлучил за консумација на медицинскиот канабис како лек, велат добро упатени извори од Бакингемската палата, пренесува „Ем“.

Бидејќи неговата битка со ракот продолжува во и 2025 година, откако му беше дијагностицирана минатата година, Чарлс се одлучил и за овој вид на лекување, со оглед на тоа што некои истражувачи веруваат дека медицинскиот канабис може да ги убие или забави клетките на ракот без да им наштети на здравите клетки.

Сепак, овој чекор не е неочекуван за 76-годишниот Крал.

„Дијагнозата за ракот длабоко го потресе и верува дека нема штета да проба нешто експериментално. Отсекогаш поддржувал хомеопатски лекови и верува дека нема ризик во тестирањето на канабисот. Ги проучувал сите студии за неговите придобивки“, изјавил изворот, пренесува „Б92“.

Да потсетиме дека на британскиот крал Чарлс Трети на почетокот на минатата година му беше дијагностициран рак на простата, а истиот му беше откриен при преглед поради зголемена простата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот