Крајот на конфликтот во Украина не е на повидок

Потсекретарката на Обединетите нации Розмери Дикарло синоќа изјави дека крајот на конфликтот во Украина не е на повидок, и сè уште постои реална можност војната да се претвори во катастрофа.

– Навистина, на конфликтот не му се гледа крај. Сè додека постои потенцијална опасност од катастрофа, таа е реална. Вчерашниот инцидент во Полска, во близина на украинската граница, беше застрашувачки потсетник дека мора да се направи се за да спречи понатамошна ескалација, рече Дикарло.

– Има само еден начин да се запре смртта, уништувањето и поделбата во Украина: војната мора да заврши. И тоа мора да заврши во согласност со меѓународното право и Повелбата на ОН, напиша Дикарло на Твитер по вчерашната седница на Советот за безбедност на ОН.

Две лица загинаа завчера кога проектил падна во близина на селото Пжеводов, недалеку од украинската граница.

Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека не се работи за намерен напад врз Полска, со што се согласија и високи претставници на НАТО и на САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот