Ковид херојот Лазаров во нова акција: Досега додели 490 пакети со сите витамини што им се потребни на ковид-пациентите

Д-р Ненад Лазаров, Фото: Архива

Еден од докторите што се соочуваат со 40 ковид-пациенти на дневно ниво е д-р Ненад Лазаров од приватната здравствена установа „Медика Вера“, кој  неодамна покрена акција за донација на витамини за граѓаните што не можат да си дозволат да ги купат. Тој на 9 април јавно ги повика сите фармацевтски компании да донираат од своите производи.

– Јас секој ден сум изложен на 40 ковид-прегледи. Гледам и знам дека 80 отсто од популацијата кај нас е на раб на егзистенција. Еве ви еден пример, шестчлено семејство, три деца и тројца возрасни, сите се позитивни, а живеат само од пензијата на бабата од 200 евра. Како тие да купат сè што им треба за да се излекуваат? Само суплементите за нив чинат 200 евра. Верувајте, има многу вакви случаи низ државата. Еден мој пациент, чија сопруга почина од ковид-19, еден ден кај нас во ординација донесе сè што имал од суплементи дома за да му помогне на некој што нема. Си реков, кога може поединец да помага вака, зошто да не можат фармацевтските компании кои направија милиони откако сме во пандемија? Ги повикав јавно да донираат. Ако тие беа општествено одговорни, сами ќе го направеа ова. Акцијата е прилично успешна, донации постојано пристигнуваат, но морам да кажам дека имам огромен одѕив од мали компании пред сè, големите не се покажаа засега – вели д-р Лазаров.

Во неговата ординација се донираат суплементи. Има луѓе што сакаат и пари да дадат, но пари не се прифаќаат. На тие што сакаат да дадат пари Лазаров им вели да донесат клексани и ксарелто, кои исто така се многу потребни во борбата против ковид-19. Во секој град треба да има по една ваква акција за помош

Д-р Лазаров очекувал во акцијата да се вклучат и други негови колеги-лекари, но тоа не се случило.

– Поентата беше да се вклучат што повеќе матични лекари. Замислете во секој град да има по една ваква акција, колку тоа би им помогнало на оние на кои помош им е навистина потребна. Оваа акција ја терам лично сам, со помош на персоналот од мојата ординација, составен од седум вработени. Се нудат луѓе да помагаат. Речиси две третини од донациите се на рака дадени кај нас, а другото го доставуваме по пошта. Освен ковид-пациенти, го покриваме и секој што е социјално загрозен бидејќи има и самохрани мајки со деца, има случаи во кои цело семејство живее од скромната пензија на бабата или дедото – додава докторот.

Досега се доделени 490 пакети кои содржат сè што му е потребно од суплементи на секој ковид-пациент. По седум-осум препарати има во едно пакетче. Вредноста на едно пакетче е околу 1.300 денари. Акцијата за донирање суплементи ќе трае додека Лазаров и тимот можат да издржат физички.

Сите што пративте мејл на [email protected],
ќе добиете сите пакетче па макар и од џеб ги платил,
само дајте ни…

Posted by Nenad Lazarov on Tuesday, April 20, 2021

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот