Ковид-19 во светот: Заразени 118 милиони лица од кои 30 милиони во САД

Фото: EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Во светот денеска, според податоците на интернет страницата Worldometer, се заразени вкупно 118 милиони луѓе со ковид-19. Само во последните 24 часа, нивниот број се зголемил за 254.000 од кои најголем дел отпаѓаат на случаите во САД – 27.268 по што следуваат Франција со 23.302, Италија со речиси 20.000, Индија со 16.846 и Турција со 13.755, итн.

Најмногу инфицирани во светот има во САД, речиси 30 милиони, пред Индија и Бразил кои имаат над 11 милиони пациенти со коронавирус.

Русија е на четврто место во светот и прва во Европа по бројот на заразени (4,3 милиони лица). По неа следуваат Велика Британија со 4,2 милиона, Франција со 3,9 милиони, Шпанија и Италија кои имаат преку 3,1 милиони заразени жители, итн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот