Ковачевски: Потегот е непримерен и се коси со европските принципи, ако треба ќе одиме на меѓународен суд

Димитар Ковачевски/Фото: МИА

Ова е такса која не требаше да биде воведена, бидејќи целокупниот капацитет на нашата влезна страна во однос на снабдувањето со гас е даден од страна на Бугарија на „Гаспром“. Тоа значи дека ваква такса кај нас ќе предизвика зголемување на цената на на електричната енергија и на парното греење за 20 проценти, откри премиерот Димитар Ковачевски

Владата реагирала до Европската комисија и оттаму, како и од Европската енергетска заедница се чека одговор, до каде се испратени дописи за овој нов проблем кој ја засега државата, одговори премиерот Димитар Ковачевски, запрашан како ќе се справиме со новата давачка од 10 долари за мегават час за транзит рускиот гас во Србија, Унгарија и Македонија? Според премиерот ако не добиеме поволен одговор, ќе одиме и на меѓународен суд.

-Реагиравме со министерот за економија Крешник Бектеши во ЕК, а за темата зборувавме и со шефицата на ЕК Урсула Фон дер Лајен. Ова е такса која не требаше да биде воведена, бидејќи целокупниот капацитет на нашата влезна страна во однос на снабдувањето со гас е даден од страна на Бугарија на „Гаспром“. Тоа значи дека ваква такса кај нас ќе предизвика зголемување на цената на на електричната енергија и на парното греење за 20 проценти. Од тие причини побаравме капацитетите да се ослободат за да може Македонија да набави гас од други извори, односно да набавиме гас кој не е руски и кој нема да подлежи на оваа такса. Се водат преговори за да може ова да биде направено. Ние лани успеавме да договориме ослободување на капацитетот за да донесеме азербејџански гас, се надевам дека ќе се договориме и сега со Бугарија, ако не одиме на меѓународен суд – поентираше Ковачевски.

Претходно и српските власти негодуваа за бугарската такса со пресметка дека таа ќе ги зголеми цените на греењето за 20 отсто.

Земјава годишно троши околу 450 милиони метри кубни природен гас, а од РКЕ пред еден ден потенцираа дека зголемената цена на топлинската енергија за 4,51 отсто, нема да претпри корекција и во случај да не се најде позитивно решение во однос на таксата која ја наметна Бугарија за дистрибуција на природен гас.

Минатата недела, министерот Бектеши, беше дециден дека ќе бараме отштета од Бугарија и дополнителна поддршка од ЕУ, откако Бугарија воведе такса за природниот гас што се испорачува преку нејзина територија. Оваа давачка е всушност санкција на Бугарија кон Русија, а бугарскиот претседател ја даде Одлуката на Уставен суд, бидејќи таа се косела со пазарните принципи на ЕУ и немала никакво логика. За оваа такса Бугарија доби и дозвола од Европската комисија за да ги користи парите за потребите на земјата. Бугарија очекува 1,3 милијарди евра годишен приход од таксата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот