Ковачевски: Изборите ќе бидат во редовниот термин 2024 година, во овој момент не се приоритет

Димитар Ковачевски, фото: МИА

Премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање да ја искоментира изјавата на лидерот на Демократски сојуз Павле Трајанов дека е за предвремени избори во април или мај догодина, повтори дека изборите ќе се одржат во редовниот термин во 2024 и дека приоритет треба да се даде на справување со економската и енергетската криза.

-Повеќепати имам кажано дека изборите ќе бидат во редовниот термин во 2024 година. Во овој момент државата е исправена пред огромна економска и енергетска криза, меѓутоа пред нас е и процесот на скрининг со ЕУ така што сите ресурси на државата и сите капацитети, во Собранието, во Владата, меѓутоа и надвор од нив, академијата, невладините организации, сите треба да бидеме фокусирани и да ја насочиме енергијата кон што побрзо завршување на скрининг фазата и кон што подобро справување со енергетската и економската криза во интерес на граѓаните. Така што во овој момент избори не се приоритет, рече Ковачевски.

Премиерот Ковачевски денеска престојуваше во посета на Општина Делчево, при што заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини се обратија на настанот по повод почетокот на изградба на пречистителна станица во Делчево. Ковачевски ќе ја посети и фабриката за преработка на дрво Алпин.ком, по што ќе направи увид на проектот за реконструкција на водоводната мрежа во населбата Ново Делчево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот