Ковачевски: Граѓаните и пратеничките мандати ќе кажат дали треба претседател да се избира во Собрание

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски / фото: принтскрин МИА

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вели дека пратеничките мандати и идната Влада ќе дадат одоговор дали ќе се бира претседател во Собрание откако ДУИ вчера ја изнесе идејата претседателот на државата да се избира во Парламентот со двотретинско мнозинство и Бадентер. Сега во предизборието, како што дополни тој, ќе има многу најави и ветување од политичарите, но последниот збор за сето тоа ќе го имаат граѓаните на 8 мај.

– Сега практично се наоѓаме во изборна кампања, сите ќе ветуваат, дел ќе предлагаат нешто што не зависи само од нив. На пример, вие ако зборувате за устав, тоа зависи од две третини, така што не би го коментирал тоа во наредните 80 дена. На крајот, по 8 мај граѓаните ќе го кажат тоа што го сакаат. Во овој момент не сме разговарале  за избор на претседател во Собрание. Граѓаните ќе кажат што е за нив прифатливо, а и бројот на пратениците ќе каже што е прифатливо. На 8 мај ќе дојде одлуката која ќе ја кажат граѓаните, рече Ковачевски.

Според него, Пенаровски е сериозен кандидат за претседател, но не и единствен, а кој ќе биде треба да одлучат највисоките партиски тела. Како партија, вели тој, ќе коалицираат со сите кои ги делат нивните исти вредности.

– Во однос на коалицијата и колацирањето СДСМ останува на својот став дека ќе предводи коалиција која што ќе ја сочинуваат партии со исти вредности, а тоа е членство на Македонија во ЕУ, исполнување на обврските од членството на НАТО и градење на европски вредности. Јас никогаш не кажувам додека не се донесат некои одлуки. Што се однесува до коалицијата со ДУИ, јас сум претседател на СДСМ која е најдемократска партија и одлуките ги соопштуваме откако ќе одлучат органите на партијата. Ќе има цензус во вториот круг на претседателаскит избори, нема причина да нема цензус, рече Ковачевски.

Тој денеска беше во посета на тетовско Желино каде посети производствен погон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот