Косовските здравствени власти со пресек за изминатото деноноќие: Починаа 16 лица, 690 новозаболени

Косово, пункт за вакцинација /Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Бројката на жртви од ковид-19 во Косово се искачи на вкупно 849откако минатото деноноќие починаа 16 заразени пациенти со новиот коронавирус.

Во денешното соопштение на Националниот институт за јавно здравство на Косово се наведува дека, вчера направените 1.566 тестови со методот РТ-ПЦР (122.377 вкупно досега) дале позитивни резултати за 690 лица.

Вклучително новозаболените, вкупниот број на лица со детектиран вирус досега во земјата се искачи на 30.495 додека болеста досега ја совладале 17.878 лица

Согласно официјалните статистики на косовските здравствено власти, во земјата во моментот има 11.768 активни случаи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот