Косовска влада: Курти ги прифати бриселските и охридските договори, Вучиќ одбива да потпише

Албин Курти/Фото: Armend NIMANI / AFP / Profimedia

Владата на Косово објави дека косовскиот премиер Албин Курти потврди дека е подготвен да го потпише Основниот договор за нормализирање на односите со Србија, но дека другата страна не сакала да стави потпис.

„Српскиот претседател Александар Вучиќ одби да го потпише договорот со Косово и побара да се прифати дополнително опфатено писмо, кое практично ги поништува трите принципи на Основниот договор, Анексот за спроведување, како и нацртот предложен од пет емисари на 21-ви октомври”, се вели во соопштението.

Косово го прифати Основниот договор од Брисел од 27 февруари 2023 година, како и спроведувањето на Охридскиот анекс од 18 март оваа година. Документите договорени на овој начин претставуваат заеднички успех со Европската Унија. Договорите треба да се спроведат во целост, безусловно и без никакви одложувања, стои во соопштението на Владата на Косово.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот