EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

Коронавирус во Милан

Фудбалерот на Милан, Исмаел Бенасер е позитивен на коронавирус и нема да биде во комбинација за пријателскиот натпреварот против Ница.
Останатите фудбаклери нема да одат во карантин бидејќи Бенасер не бил во контакт со ниту еден соиграч уште од минатиот викенд и пријателскиот натпревар против Модена.

Дуелот помеѓу Милан и Ница ќе се игра вечерва, а потоа „росонерите“ ги очекуваат уште три контролни наптревари и тоа против Валенсија, Реал Мадрид и Панатинаикос.
Засега не се знае до кога Бенасер ќе биде во изолација и кога ќе може да им се приклучи на соиграчите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот