Контроверзен руски новинар пронајден мртов во Доњецк

Андреј Бабитски/ Фото Јутуб скриншот

Рускиот новинар Андреј Бабицки – поранешен жесток критичар на претседателот Путин, кој ги поддржува руските власти од 2014 година – почина на 57-годишна возраст, јавуваат руските медиуми.

Бабицки беше прогласен за предавник за неговото известување за руската војна во Чеченија од бунтовничката страна за Радио Слобода – и во една фаза беше држен во заробеништво од руските трупи, пренесува Би-Би-Си.

Но, пред осум години тој беше отпуштен од Либерти откако изрази поддршка за руската анексија на Крим од Украина.

Тој се преселил во самопрогласената Народна Република Доњецк во источна Украина, а во 2015 година помогнал да се отвори ТВ станица во областа под контрола на бунтовниците.

Не е позната причината за смртта, а неговото тело било најдено во неговиот стан во градот Доњецк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот