Контроли во менувачници на Бит Пазар, две работеле незаконски

Фото: МИА

Полицијата во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат вчера извршила контрола во пет менувачници со Старата скопска чаршија на подрачјето на Бит Пазар. Како што информира МВР, констатирано е дека две менувачници работеле незаконски, без документација.

-При контролата било констатирано дека две менувачници не поседуваат никаква документација за регистриран правен субјект, ниту дозвола за менувачко работење од Народната банка на Република Северна Македонија, соопштија денеска од МВР.

Против сопствениците на двете менувачници, од Државниот пазарен инспекторат ќе биде изготвен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот